Home Шоубизнис Меланија VS. Летиција – моден „дуел“ на двете дами

Меланија VS. Летиција – моден „дуел“ на двете дами

Кога на едно место, една до друга ќе се најдат две дами како Меланија Трамп и ппанската кралица Летиција, тоа е вистински рај за очи за вљубениците во модните дизајни и врвниот моден стил.

Двете дами се сретнаа во Белата куќа, во рамки на политичката посета на шпанското кралско семејство на американскиот претседател Доналд Трамп.

Убавата шпанска кралица повторно покажа дека има извонредно чувство за стил одлучувајќи се за розовиот фустан кој ја следи линијата на телото, украсен со копчиња. Нејзиниот фустан е креација на Мајкл Корс.

Меланија делуваше сензационално во интересниот фустан со А-крој без ракави во комбинација со сивозелена и бела боја.

И двете дами делуваа пристојни, софистицирано и одмерено. Без премногу детали и накити, тие покажаа како и жените во зрели години можат да бидат облечени со стил.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ќе има ли втора сезона на ‘Тотално 90-ти Куќа’? Еве што знаеме за иднината на шоуто на HGTV

Тотално 90-ти Куќа ја завршува својата прва сезона! Натпреварувачкото шоу на HGTV следи дв…