Меланија во палто од 6.000 долари ги пречека гостинчињата: „Ноќта на вештерките“ во Белата Куќа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првата дама на САД, Меланија Трамп, облечена во палто од колекцијата на Мајкл Корс вредно 6.000 долари и потпетици од Маноло Бланик, заедно со сопругот и претседател на САД, Доналд Трамп, ги пречекуваа малите гостинчиња во Белата Куќа за празникот „Ноќ на вештерките“ и им делеа празнични колачиња.

Белата куќа за таа прилика беше уредена во стилот на „проколнатата шума“. На столбовите од Белата куќа имаше поставено силуети на црни стебла осветлени со портокалово светло.

Пред куќата исто така биле поставени многу изрезбани тикви кои секогаш се најдобрата декорација за оваа ноќ.