Меланија САМО ОВА не сака да се спомнува во муабетите за секс аферата на Трамп


Топ 10 најголеми фудбалски дербија


Во првата година од претседателствувањето со најмоќната држава на светот, Доналд Трамп никако глава да крене од скандали, а на последниот во кој е вклучена порно актерката Сторми Даниелс се ситат сите негови противници ширум светот.

Единствената личност која (ин)директно е вклучена во сета таа фама со секс аферата на Трамп од 2006 година, а која досега не се огласила за истата, е неговата сопруга Меланија Трамп.

Но, после интервјуто кое Сторми Даниелс го даде за емисијата 60 Minutes, и тоа се промени. Додуша, Меланија лично не кажа ништо, туку тоа го направи преку нејзината портпаролка Стефани Гришам.

„Додека медиумите уживаат во шпекулациите и сочните трачеви, би сакала сите да ги потсетам дека тука постои и малолетно дете чие име не би требало да се споменува во тие приказни“, напиша Гришам на Твитер.

Под тоа мислеше на 12-годишниот Барон, за кој се пишуваше дека е роден во периодот кога се случила наводната афера. Освен тоа, тука е и ќерката од Сторми Даниелс, која таа сама ја спомена во интервјуот кога откри дека непознат маж им се заканувал во врска со аферата со Трамп.