МекГрегор нокаутиран од Порие во Дубаи – неколку секунди после поразот ја даде најискрената изјава


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дастин Порие во Абу Даби го нокаутираше Конор Мекгрегор во втората рунда.

Борбата започна со размена на удари на двете страни, а потоа Порие се обиде да го сруши Ирецот, но Конор се одбрани. Се обиде Конор потоа со неговите препознатливи удари со рамо да му нанесе штета за потоа борбата да се врати на центарот од кафезот каде што Мекгрегор имаше неколку добри удари.

Имаше и Порие добри контри, меѓутоа се доби впечаток дека рундата е на Конор.

На отварањето на втората рунда Порие продолжи да го удира Конор по нозете, Мекгрегор имаше уште неколу добри удари. И тогаш следуваше изненадување за Ирецот, Порие прави добра серија на удари од кој Конор не успеа да се одбрани.

За Дастин Порие ова сигурно е најголемата победа во кариерата.

Сите кои го следат УФЦ очекуваа Конор Мегрегор да го победи Дастин Пориер и со тоа да го повика на борба Кабиб.

Наместо тоа Конор мораше да даде изјава како поразен и тоа неколу секунди откако доживеа нокаут.

„Нискиот удар кој го добив во листот беше многу добар, ми откажа ногата и воопшто не ми беше пријатно.“

„Пориер е добар борец, мора тоа да го пребродам и да се вратам. Тоа ќе го направам. Ми недостига активност, не можете да бидете неактивни во својата работа.“