Спорт

Мекгрегор му одговори на Пориер: Го избришав подот со тебе за 90 секунди!

Дастин Пориер загуби од Хабиб Нурмагомедов во третета рунда, па така не успеа да го освои шампионскиот појас во лесна категорија во УФЦ.

После поразот тој на Твитер изрази желба за борба против Конор Мекгрегор против кого се бореше и загуби во 2014 година.

Мекгрегор сака само борба против Кабиб, па затоа жестоко му одговори на Пориер.

„Го избришав подот за 90 секунди со тебе. Треба да го изговараш моето име со поголема почит. Мекгрегор не е следен, ку*вин сине! Мекгрегор е целта секогаш. Кажи го тоа и можеби ќе размислам за борба меѓу нас“, порача Мекгрегор.

Advertisements
To Top