Фудбалерот на Барселона доби затворска казна од 2 години и 8 месеци!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона Арда Туран, кој е на позајмица во Башакшекир во Турција веќе подолго време води битка со правосудните органи.

На судењето во Истанбул, Туран беше осуден на 2 години и 8 месеци затворска казна, но само под еден услов. Казната е условна и фудбалерот во следните пет години не треба да направи никаков прекршок.

Пред една година Арда Туран во една дискотека го претепа турскиот пејач Баркаи Сахин, а воедно и сексуално ја малтретирал неговата сопруга и се заканувал со пиштол.

Судот во Истанбул му изрече условна казна од пет години. Па доколку во тој период направи прекршок, ќе му се активира затворската казна од 2 години и 8 месеци.

Арда Туран пристигна во Барселона во 2015 година како големо засилување од Атлетико, но не се снајде на „Камп Ноу“ и од јануари 2018 година е на позајмица во Башакшекир.