Медиумите тврдат дека е блиску до Манчестер, а тој замина во Кина!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последните вести кои доаѓаат од Италија не одат во прилог на тврдењата дека Манчестер Јунајтед веќе го комплетирал трансферот на хрватскиот репрезентативец, Иван Перишиќ.

Имено, тренерот на „нероаѕурите“ Лучијано Спалети денес го соопшто списокот на 28 фудбалери кои ќе патуваат во Кина, а на тој спосок се наоѓа и Перишиќ.

Тоа значи дека сите информации кои ги пласираа медиумите дека трансферот е пред реализација паѓаат во вода, бидејќи Хрватот ќе отпатува со остатокот од тимот на припреми во Азија.

Секако, има уште многу време до крајот на преодниот рок, а не е исклучена можноста трансферот да биде договорен додека „нероаѕурите“ се на подготовки во Кина.

Инаку Интер во наредните денови на азиската турнеја ќе ги одмери силите со Шалке, Олимпик Лион и Баерн Минхен.