„Медена земја“ во изборот на топ 11 филмови кои ги препорачува „Њујорк Тајмс“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Со секое ново доаѓање на пролетта, њујоршкиот Музеј на модерната уметност и филмското здружение на Lincoln Center на граѓаните од Њујорк им нуди потесна препорака со избор од разновидни филмови, познат како „Нови режисери/Нови филмови“.

Оваа година повеќето филмови доаѓаат од интернационални филмски фестивали и изборот вклучува дела што претставуваат социјално свесен реализам, историска фантазија и експериментален документарец, пишува „Њујорк тајмс“.

Нивните двајца главни филмски критичари, Манола Даргис и А.О. Скот, нудат листа од 11 филма што вреди да се погледнат во изборот „Нови режисери/Нови филмови“, а македонскиот документарец „Медена земја“ на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска се најде меѓу нив, пренесува Нова Македонија.

Изборот на „Њујорк Тајмс“

Покрај „Медена земја“, листата ги содржи насловите: „Анџело“ (Маркус Шлејнзер, Австрија), „Припаѓање“ (Бурак Џевик, Турција), „Собарката“ (Лила Авилез, С.А.Д.), „Милост“ (Чинонји Чукву, С.А:Д.), „Потопено семејство“ (Лукреција Мартел, Аргентина), „Товар“ (Огњен Главонич, Србија), „Полноќна фамилија“ (Лук Лоренцен, С.А.Д), „Монос“ (Алехандро Ландес, Холандија), „Споделување“ (Пипа Бианко, С.А.Д) и „Приградски птици“ (Киу Шенг, Кина).

Филмската екипа од „Медена земја“

– Почетните сцени на „Медена земја“ се толку рустично раскошни што те тера да се запрашаш за момент дали можеби биле изрежирани. Елегантно облечена во окер-блуза и смарагдна шамија, снимена како полека заобиколува низ карпест, но спектакуларен балкански пејзаж, средовечната пчеларка Атиџе Муратова оди да ја провери својата оддалечена, скриена колонија на пчели – извонредно извлекувајќи го саќето од кое капе мед во иста боја како нејзината облека. Кога ќе се видат човекот и природата толку извонредно координирани, изгледа како Атиџе да пораснала од истата карпеста земја, и во извесна смисла така и е – напиша деновиве Гај Лоџ од филмскиот сајт „Варајати“.