„Медена земја“ останува во борба за престижниот Оскар во две категории


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот филм „Медена земја“ останува во трка за номинација за официјална конкуренција за најпрестижната филмска награда, американскиот „Оскар“, во две натпреварувачки категории.

Како што соопшти Американската филмска академија, „Медена земја“ ќе се натпреварува во категоријата документарни филмови во кои влегоа 15 од првично предложени документарци. Исто така филмот останува како еден од десетте номинирани во категоријата Меѓународен филм.

Филмот „Медена земја“ и кинематографите Самир Љума и Фејми Даут веќе ја добија наградата за најдобра кинематографија на Меѓународните документарни награди во Лос Анџелес. Документарецот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов ја доби и наградата „Паре Лоренц“ овој фестивал ја доделува за „давање пример за филмско снимање, со истовремено фокусирање на соодветната употреба на животната средина, правда за сите и откривањето на социјалните проблеми“.

Македонскиот филм „Медена земја“ беше прогласен за најдобар филм во 2019 година од страна на Друштвото на њујоршки филмски критичари, но и од престижниот весник „Њујорк Тајмс“ кој го стави на врвот на листата на најдобри филмови годинава. Филмот изминатава година освои бројни признанија во Европа и светот.