Инвестиција од 7 милијарди долари: Xiaomi вложува во вештачка интелигенција и 5G мрежа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кинескиот технолошки гигант и производител на паметни телефони „Xiaomi“ најави дека во наредните пет години планира да инвестира 7,2 милијарди американски долари за развивање на вештачка интелигенција (AI) и мобилна технологија од петтата генерација (5G мрежа). На оваа капитална иницијатива ти се поттикнати од растот на конкуренцијата.

Извршниот директор на „Xiaomi“, Леи Џун овие плановите ги објави на социјалните платформи на компанијата, но не наведува поединости за инвестициите.

„Мораме да ја претвориме нашата постојана предност која ја имаме во вештачката интелигенција на уредите (AIoT) и ‘интелигентниот живот’ во апсолутна победа на вкупната интелигентна сцена и целосно да го цементираме кралскиот статус во ерата на паметните технологии“, наведува Леи.

Компанијата „Xiаomi“ минатата 2019 година соопшто дека во текот на следните пет години во рамките на стратегијата „All in AioT” ќе вложи 10 милијарди јуани, а со најавените инвестиции сега тоа ветување е дополнително зголемено.

Оваа компанија чие седиште е во Пекинг започна како произведувач на пристапни мобилни телефони, но сега нејзините производи кои користат интернет вклучуваат и паметни телвизири, па и уреди за варење ориз.

Меѓутоа, „Xiaomi“, исто така, се соочува со интензивна конкуренцијаа на својот домашен пазар. Имено, „Huawei“, во третиот лански квартал имал 42-процентен удел на кинескиот пазар на домашните телефони.

Леи во октомври најави дека компанијата планира во 2020 година да лансира повеќе од десет модели со 5G технологија.