Мбапе во три соло потези „го реши“ Реал во судиското продолжение


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лигата на шампионите синоќа се врати со дербито помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид кое го добија домаќините. Во вториот натпревар Сити го декласираше Спортинг и може да се каже дека веќе е во следната фаза.

Големи беа очекувањата на фудбалската јавност од дуелот помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид, но на теренот во Париз видовме само еден гол и тоа во последните моменти од натпреварот. Во првото полувреме видовме по некоја шанса и на двете страни, од кои оние на домаќините беа посериозни.

Продолжи Мбапе со заканите и ударите кон голот на Куртоа и во вториот дел, меѓутоа најголемата прилика да донесе победа за ПСЖ ја имаше Меси кој не реализираше најстрога казна, Куртоа го одбрани неговиот удар. Реал. Во последните минути од натпреварот шанса пропушти и Нејмар.

Одлучувачкиот момент се случи во самиот финиш од натпреварот кога Мбапе ја покажа својата класа ја затресе мрежата.

Во вториот натпревар вечерва Сити ја оправда фаворитската улога и го торпедираше Спортинг со убедливи 0:5. Марез отвори уште во седмата минута, Силва само десетина минути погоди за 0:2. Не запираа шансите за „граѓаните“ па така Фил Фоден на асистенција на Марез после половина час постигна гол за 0:3. Бернардо Силва со својот втор гол се погрижи за „покер“ на полувреме. Единствениот гол во второто полувреме беше дело на Стерлинг, Силва можеше до хет-трик, но ВАР го поништи неговиот гол на стартот од вториот дел.