Машина од 338.000 евра: Започна испораката на најмоќниот болид на Audi


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Автомобилскиот гигант Audi започна со испорака на примероци на нивниот најмоќен болид, новиот R8.

Audi R8 LMS GT2

Дефинитивно, без грам сомнеж, најпредизвикувачкиот, најинтригантен и најмоќен модел на Audi е R8. Тоа е автомобил кој го ценат и оние што не го сакаат Инголштад за свое омилено место. Но, изведбата LMS GT2 надминува сè што досега е видено, и пристигна токму пред Божиќ.

Автомобилот премиерно гостуваше на Гудвуд на фестивалот Speed, а сега, пет месеци подоцна, Audi го нуди на сите заинтересирани. Се разбира, постојат услови, и освен значителната сума, идниот сопственик ќе мора да помине и обука. Бојата, комбинација на светло сива и црн сјаен покрив е задолжителна.

Под хаубата е 5.2 V10, еден од најдобрите атмосферски мотори што го видел светот. Развива 640 КС и е најсилниот модел што го пушти Audi Sport на пазарот во својата историја. И да, овој тркач е со цена од 338,000 евра.