Видно ослабена: Адел во божиќно издание


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Планетарно славната британска пејачка Адел преку фотките кои ги објави на Инстаграм, откри дека промените што ги направила во животот се позитивно се одразиле на нејзиниот изглед.

Пејачката се појави на „Инстаграм“ по молкот од повеќе од два месеци на ден пред Божик на црно-бели фотографии со Дедо Мраз и покажа дека изгубила значително на тежина последните месеци. Адел носи долг црн сатенски фустан што ја истакнува нејзината нова фигура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele) on

„Им посакувам на сите Среќен Божиќ и благословени празници”, напиша Адел со фотографиите.

Според досегашните извештаи на медиумите, тренерите Џо Викс и Далтон Вонг и помогнале на Адел да го изгради своето „ново“ тело со нивните совети. Пејачката се пошегува на Инстаграм во октомври дека порано плачела, но сега се поти.

Адел, наводно, се трансформира кога започнала да оди на пилатес и да крева тегови во теретана, а исто така го намалила внесот на шеќери и започнала да користи специјална диета во која е застапен зеленчук како што е кељ.

Пејачката наводно изгубил 20 килограми со оваа диета. Адел се сврте кон своето здравје по разводот од сопругот Сајмон Конецки, со кого го има седумгодишниот син Анџело.