Марко Николиќ од „Подобар живот“: Стравот од смрт ме натера на ова…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Марко Николиќ не беше здравствено во најдобра состојба, а сега проговори и за неколку детали од неговата болест.

Марко Николиќ на многумина и денес им е во сеќавање како Драгиша Попадиќ, односно Гига Моравац од Подобар живот. Еден од омилените глумци во Југославија и денес е активен во својата професија, но за жал до неодамна го мачеа здравствени проблеми.

Глумецот, Марко Николиќ го преболи ракот. Сега од неодамна е подобар, но мора да биде под надзор на лекарите. Денес стравува дека болеста ќе му се врати.

„Не би морализирал лажно, поради став престанав да пушам и пијам. Поради страв од смрт. Кога пред три години дознав за болеста, веднаш ги оставив алкохолот и цигарите. Тоа е моментот кога човекот е подготвен да направи се што е можно само да остане жив. Пушев од 13. година, а пиев од 17. Почнав во гимназија со винјак па лесно минував на други пијалоци. Ништо од тоа не ми недостасува. Цигарите ми се гадат, а што се однесува до алкохолоѕ, понекогаш сакам пиво, но не го конзумирам“, истакна познатиот глумец.