Home Спорт Марка: Озил и Ди Марија сакаат да се вратат во Реал!

Марка: Озил и Ди Марија сакаат да се вратат во Реал!

Еминентниот мадридски весник тврди дека ѕвездите на Арсенал и ПСЖ, Месулт Озил и Анхел ди Марија сакаат повторно да се вратат во Реал Мадрид.

Двајцата истакнаа дека уживале во периодот додека го носеа дресот на Реал Мадрид, и не го заборавиле „кралскиот“ клуб, иако сега се далеку – едниот во Англија, другиот во Франција.

Озил веќе подолго време преговара со Арсенал за нов договор, но никако не успева да најде заеднички јазик со „топџиите“. Со оглед на фактот дека неговиот договор истекува во 2018 година постои можност да се врати во Реал, тврди „Марка“.

Весникот исто така тврди дека Ди Марија е несреќен во Париз каде никако не успева да ја врати формата која го красеше во Реал Мадрид пред три години. Аргентинецот под водство на Анчелоти беше еден од најважните играчи во походот на европската круна.

Притоа, Флорентино Перез бил информиран од страна на нивните агенти дека двајцата фудбалери сакаат да се вратат на „Сантиаго Бернабеу“, па раководството на „кралскиот“ клуб не ја отфрла можноста за такво нешто.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…