Марк Закерберг: Илон Маск не е сериозен за тепачката


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, во објава на Threads порача дека веројатно нема ништо да испадне од неговиот дуел во кафез со деловниот ривал и милијардер Илон Маск, која требаше да се одржи во Италија.

Закерберг тврди дека Маск е несериозен.

Закерберг и Маск се договорија на „тепачка“ во јуни кога Маск на Твитер напиша дека е подготвен за тепачка во кафез. Сопственикот на Фејсбук и Инстаграм потоа објави скриншот од објавата на Маск со одговорот: „Испрати ми ја локацијата“. Но, Закерберг вчера на својата нова социјална платформа Threads објави дека „Илон не е сериозен“. Тепачката требаше да се одржи на 28 август.

 

Post by @zuck
View on Threads

 

„Време е да продолжиме понатаму. Му понудив договор. Шефот на УФЦ, Дејна Вајт, понуди нашата борба да биде легитимен хуманитарен натпревар.

Илон не сака да го потврди датумот, вели дека мора да се оперира, а сега бара да тренира во мојот двор наместо да се бори. Ако Илон некогаш стане сериозен за вистинска борба, тој знае како да дојде до мене.

Сакам да се фокусирам на борбата против луѓето кои сериозно го сфаќаат спортот“, објави Закерберг.

Минатата недела Маск на Твитер објави дека разговарал со италијанската премиерка Џорџија Мелони и италијанскиот министер за култура Џенаро Санџулијано за локацијата на хуманитарната битка со Закерберг. Тој објави дека тоа е историска локација. Италијанскиот министер изјави дека локацијата ќе биде историска, но дека нема да се одржи во Рим.

„Размислуваме како да го организираме овој голем хуманитарен и историски настан притоа земајќи ја предвид заштитата на локацијата“, рече Санџулијано. Италијанскиот министер за култура рече дека „огромни суми, милиони евра, ќе бидат донирани во две италијански детски болници“, а Маск најави дека „сите пари одат за воените ветерани“.

Закерберг тренира мешани боречки вештини, а на почетокот на оваа година објави дека го завршил својот прв турнир во џиу-џицу. Маск минатата недела изјави дека тренирал за борбата со кревање тегови.