Марк Хјуз ќе го спасува Саутемптон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Раководството на Саутемптон денес официјално го промовираше Марк Хјуз во нов менаџер.

Бившиот тренер на Манчестер Сити и Стоук потпиша договор со „светците“ до крајот на сезоната и ќе го замени Маурицио Покетино, кој вчера доби отказ.

„Сите во Саутемптон сме убедени дека после оваа промена, менаџерот и фудбалерите ќе имаат можност да се концентрираат на останатите натпревари сезонава“, стои во соопштението на клубот.

„Имам големо искуство во Премиер лигата и знам што треба да се прави во вакви ситуации, за да победуваме на натпреварите. Не е тајна дека мојата цел е да изборам опстанок со Саутемптон и сметам дека местото на овој клуб е во Премиер лигата“, изјави Хјуз.