Вебкафе

Маорите бараат Нов Зеланд да го промени името – еве како сакаат да се вика државата

Партијата на Маорите во Нов Зеланд бара од самата држава да го промени името со цел да се оддаде почит на нејзината оригинална, автентична култура. Предлогот им е Аотеароа.

Аотеароа на нивниот те рео јазик значи „земјата на белиот облак“ и Маорите сметаат дека со тоа име, земјата подобро ќе ја рефлектира домородната култура.

Со 16,5 проценти, Маорите се најбројното малцинство во земјата а заедно со англискиот јазик, нивниот е официјален јазик на Нов Зеланд.

Маорите со години тврдат дека поради доминантноста на англискиот јазик, маорскиот денес го зборуваат само 3,5% од луѓето.

Премиерката Јасинда Ардерн не се спротивстави директно на предлогот но нејзините политички ривали го сметаат за предизборно бркање поени и се убедени дека секакво реименување ќе доведе до конфузија и економски штети.

Името Нов Зеланд потекнува од холандската колонијална ера, кога земјата доби име по холандската провинција Зееланд.

To Top