Home Актуелно Денес во Атина средба на Заев со Мицотакис и Сакеларопулу

Денес во Атина средба на Заев со Мицотакис и Сакеларопулу

Македонскиот премиер Зоран Заев, кој моментално е на дводневна работна посета на Грција, со владината делегација денеска ќе разговара со премиерот Кирјакос Мицотакис и со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу.

Заев во Атина учествува на 24-та тркалезна маса со грчката влада, организирана од магазинот „Економист“ за борбата против пандемијата со ковид-19 и нејзиното влијание врз глобалната и европската економија.

На панелот учествуваат и поранешните претседатели на Србија и Црна Гора, Борис Тадиќ и Филип Вујановиќ, поранешниот премиер на БиХ Златко Лагумџија и спикерот на грчкиот парламент Дора Бакојани. Во македонската делегација се и вицепремиерите за економски и европски прашања, Фатмир Битиќи и Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, Заев ќе зборува на панел дискусија за Западен Балкан.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…