Манчестер Јунајтед му нуди БОГАТСТВО на Марсијал


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Антони Марсијал минатото лето беше на излезна врата од Манчестер Јунајтед, но оваа сезона покажа одлични партии, па раководството ќе направи се за да го задржи на „Олд Трафорд“.

Договорот на Марсијал истекува на крајот на сезоната и многу европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис, особено поради фактот што можат да го добијат без обештетување.

Раководството на Манчестер Јунајтед е спремно да му понуди договор од соништата, само за да го задржи Французинот во своите редови.

Напаѓачот претходно одби плата од 160.000 фунти неделно, па сега „црвените ѓаволи“ му понудиле неделна плата од 190.000 фунти.

Тоа во превод значи дека Марсијал ако стави потпус на договорот за пет години на „Олд Трафорд“ ќе заработи 57 милиони фунти.