Манчестер Јунајтед испрати понуда, Јувентус се насмеа!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанските и англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед испратил официјална понуда за Пауло Дибала, но „старата дама“ експресно ја одбила истата.

Имено, „црвенте ѓаволи“ понудиле 70 милиони фунти плус Хенрих Михтарјан, но во Јувентус ја примиле понудата како несериозна и сметаат дека не одговара на реалната вредност на Аргентинецот.

Раководството на италијансккиот шампион е спремно да се рездели со Дибала, но само за сума од 150 милиони евра, пренесува „Тутоспорт“.

За Дибала инетерс покажуват уште Барселона, Реал Мадрид и Пари Сент Жермен, но наводно Аргентинецот преферира преселба во Премиер лигата.

Тешко е да се очекува негов трансфер во зимскиот преоден рок, но следното лето најверојатно некој од споменатите клубови ќе ја плати сумата која ја бараат „бјанконерите“.