За сите кои „пловат спротивно на ветрот“ – овој е накитот за вас


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ема (Морисон) Митковска е прилепско чупе, авантуристка која ужива во патувањата и знае да го дише животот со полни гради.

Типката е иницијаторка на брендот „УрбанЕра“ и утре ја отвора својата изложба во арт-кафето „Концепт 37“. Ќе ги претстави своите рачно изработени парчиња накит од епоксидна смола и полимерна глина. Сите кои сакаат малку поразличен, сосема неконвенционален накит, како одраз на бунтот и непокорот кон мејнстрим тековите и трендовите, местото, накитот и луѓето кои ви ги препорачуваме се таму и тогаш.

На предновогодишниот настан, кој ќе почне в петок напладне ќе биде преставена новата колекција „Bizarre“.

УрбанЕра е приказна што веќе втора година ја раскажуваат урбаните херои, сите што ја акцентираат својата индивидуалност и различност. Овојпат приказната добива нови личности и е именувана Bizarre. Изложбата е реализирана во соработка со Ивана Секулоска и нејзините little bizarre. Гротескните и атипични графики и илустрации ги сместивме во парчиња накит. Затоа оваа изложба ја подариваме на сите кои се движат спротивно од правецот на ветрот и уживаат во необичноста, порачува Ема и ве кани на дружба и уживање со „Урбан ера“.