Манчестер Јунајтед елиминиран од Лига на шампиони


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед беше елиминиран од Лигата на шампионите после поразот кој го доживеа од Лајпциг.

Лајпциг тргна фуриозно, поведе со гол на Анхелино уште во втората минута од натпреварот, а во 13. Хаидара зголеми на 2-0.

По половина час игра Лајпциг даде и трет гол, но погодокот на Орбан беше поништен од ВАР поради офсајд.

Во 69. минута лоша реакција на одбраната на Манчестер јунајтед, тоа го искористи Клајверт кој погоди за 3-0.

Десетина минути подоцна пенал за Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш постигна гол од белата точка и намали на 3-1.

Само две минути подоцна Погба постигна гол намали на 3-2 за драматичен крај на мечот, на Манчестер јунајтед му требаше уште еден гол за да остане во Лигата на шампионите.

Но Лајпциг успеа да го приведе натпреварот до крај и да не дозволи Манчестер јунајтед да постигне уште еден гол и со сензационално враќање да ги елиминира.

Мечот меѓу ПСЖ и Башакшехир беше прекинат поради навреда на расистичка основа од страна на четвртиот судија, но како и да биде одлучено да заврши тој меч, нема ништо да му смени на Манчестер јунајтед.

Тимт на Оле Гунар Солшер ќе продолжи во Лига Европа.