Славни

Мама Џенер ќе се мажи пак: Крис му рече „да“ на 25 години помладиот дечко

Првата жена на фамозниот женски клан Кардашијан-Џенер веќе две години е во врска со Гембел, а парот ќе се венча оваа пролет.

После два пропаднати брака кои завршија со разводи, Крис Џенер реши по трет пат да застане на олтарот. 61-годишната старлета и менаџерка на сè што е поврзано со кланот Кардашијан-Џенер е сигурна дека 36-годишниот музички менаџер Кори Гембел е вистинскиот човек за неа. По трет пат.

Кори, кој моментално работи за Џастин Бибер, и Крис ќе потпишат предбрачен договор, но за парот тоа, наводно, е само формалност.

„Сигурни се во својата љубов и не се плашат да го направат следниот чекор во врската“, вели извор близок на парот.

Крис беше во брак со адвокатот Роберт Кардашијан, кој е татко на Кортни, Кло, Ким и Роб. Откако се разведоа, парот остана во пријателски односи сè до смртта на Роберт. Крис после разводот се омажи за олимпиецот Брус Џенер, со кој беше во брак до 2014 година.

Брус после разводот го промени својот пол и денес се вика Кејтлин.

To Top