Home Актуелно Малолетник убиен со нож во Ново Лисиче

Малолетник убиен со нож во Ново Лисиче

17-годишниот малолетник со иницијали Н.Х. рано утрово починал после физичката пресметка меѓу неколку лица во која А.Т. (18) по вербалната расправија, извадил нож.

Тепачката се случила половина час по полноќ на улицата „Февруарски поход“, Вербалната расправија меѓу А.Т. (18) и К.Д. (17), од една страна со други лица завршила со физичка пресметка во која бил изваден и нож.

А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х. (17) кој со возило на Брза помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде починал.

А.Т. е пронајден и приведен во полициска станица. Се работи на расчистување на случајот

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…