„Малиот Ајнштајн“ од Белгија магистрираше на 12 години – запишува докторат на „Макс Планк“ во Германија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Малиот Лоран Симонс од Белгија, по завршувањето на магистерските студии по квантна физика, ќе запише на докторат во Германија. Има само 12 години.

Таткото на детето, Александар Симонс изјави дека момчето се запишува на докторски студии за природни науки на германскиот Истражувачки институт „Макс Планк“. Се наведува дека програмата ќе вклучува хемија, медицина и физика, па момчето голем дел од времето ќе го минува во лабораторија.

Лоран, кого го нарекуваат и „Малиот Ајнштајн“, е роден во градот Остенде, основно училиште завршил на шест години, а матурирал на 11 години. Летово на 12 години ги заврши магистерските студии на Универзитетот во Антверпен.

Момчето веќе соработува во научни експерименти и истражувања на Институтот.