Македонското МНР со протестна нота до Бугарија за територијалните претензии изнесени од Ангел Џамбаски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонското Министерство за надворешни работи преку нашата амбасада во Софија упати протестна нота до бугарското МНР поради видеото на европратеникот Ангел Џамбаски во кое тој вели дека Македонија е бугарска и во кое изразува територијални претензии кон земјава.

Се најавува и реакција до ЕУ.

МНР порачува дека реториката на Џамбаски, кој е и заменик-претседател на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, не доликува за земја која е дел од ЕУ.

„Истовремено, ќе известиме и соодветно ќе реагираме и до институциите во Европската Унија. Во оваа прилика напоменуваме дека ваквите изјави не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји. Реторика во која се изразуваат територијални претензии кон соседите не доликува на земји сојузнички во НАТО и земја членка на Европската унија, што е директно и спротивна на идеалите и вредностите на Европската Унија, на кои и двете земји силно се посветени“, велат од МНР.

Со реакција на изјавата од Џамбаски се огласи Тито Петковски од НСДП. Тој напиша коментар на објавата на Џамбаски, во кој вели дека европратеникот е заглавен во 1941 година.

„Овој човек е заглавен во 1941 година. Сè уште мисли дека Хитлер и Цар Борис се живи и дека ќе ја средат работата со Македонија“, коментира Петковски.