Оштетените штедачи од Еуростандард банка со нови информации: И фирма од Игор Џамбазов зела ненаплатлив кредит без да плати ниту една рата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фирмата Брачна игра дооел, во сопственост и управување на Игор Џамбазов, познат шоумен во нашата држава, е една од фирмите кои земале нeнаплатлив кредит од Еуростандард банка. Според извештајот за банката од стечајниот управник Душко Тодевски, оваа фирма нема платено ниту една рата 469 дена пред затворањето на банката, односно од 2019 година, се вели во денешното соопштение на здружението Оштетени штедачи, пренесува Мкд.мк.

„Според билансите на фирмата, во годината кога е земен кредитот, оваа фирма немала ни приходи. Основана е во мај 2016 година, без вработени, со седиште во општина Карпош во Скопје и непаричен влог од 5 илјади евра. Во изминатите години од нејзиното основање, фирмата плива во долгови, со задолженост од околу 120 отсто. Без приходи, со меница како единствено обезбедување за земениот кредит, оваа фирма е сега кандидат за затворање како деловно неактивна.

Џамбазов, ја искористил својата фирма за да му биде одобрен ненаплатлив кредит, веројатно договорен со некој од раководните лица од Еуростандард банка, за да не го врати. Како е можно фирмата на овој шоумен да добие кредит само на основа на обична меница, а истата да биде презадолжена уште кога е основана, а уште повеќе и без приходи во годината кога ѝ е доделен кредитот!? Даден кредит што не може да се наплати од фирмата поради тоа што нема ни од што.

Затоа, и овој наш шоумен, како и останатите сопственици на 148 фирми од извештајот за банката од стечајниот управник Душко Тодевски, ќе мора да сносат одговорност за нивното помагање и соучество во овој организиран криминал и висока корупција. Вакви и слични криминални стории за Еуростандард банка има многу. Избрани фирми што земале кредити и не платиле ниту една рата со години.

Оваа кражба остави преку 3.000 семејства без нивните лични средства во сред пандемија и тешка економска криза“, соопштуваат од Оштетени штедачи.