Home Актуелно Македонскиот воздух пет пати потоксичен од европскиот

Македонскиот воздух пет пати потоксичен од европскиот

Жителите на Македонија дишат пет пати позагаден воздух од остатокот од европската популација, вели статистичкиот извештај на Обединетите нации.

Жителите на Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија се изложени на една од најголемите концентрации на загаден воздух во Европа, што е за пет пати поголема од националните и европските упатства на ЕУ.
„Загадувањето на воздухот во градовите од Западен Балкан предизвикува помеѓу 15 и 19 отсто од вкупната смртност и го намалува очекуваниот животен век за 1,1 до 1,3 година“ – стои во извештајот.

Алармантно високо ниво на загадување на воздухот го намалува очекуваниот животен век.

Загадувањето на воздухот е причина за едно од пет предвремени умирања во 19 града на Западен Балкан, велат првичните резултати од извештај изработен од Програмата на ОН за животна средина.

Вкупниот број предвремени умирања директно поврзани со загаденоста на воздухот во градовите е скоро 5.000 годишно. Во седум од проучуваните градови, загадувањето на воздухот е одговорно за најмалку 15% од предвремените умирања, а во Тетово дури за 19%.

За извештајот се анализирани податоци од Корча, Бања Лука, Брод, Приједор, Сараево, Тузла, Зеница, Бар, Никшиќ, Плевља, Подгорица, Тиват, Битола, Скопје, Тетово, Белград, Панчево.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…