Македонскиот талент Дарко Тодоровски потпиша за Балзан!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот македонски фудбалски талент Дарко Тодоровски потпиша едногодишен договор со еден од најдобрите фудбалски екипи во Малта, Балзан кој минатата сезона заврши на втората позиција во оваа земја.

За напаѓачот Тодоровски ова е прв интернационален предизвик во кариерата, откако уште од 17 годишна возраст играше во првиот тим на Еуромилк. Во исто време Дарко Тодоровски е и дел од Фудбалската Академија на ФФМ – генерација 1999 година, а во кадетската и младинската конкуренција беше најдобар стрелец за своите категории.

Со овој трансфер на Тодоровски се зголемува македонската колонија во Малта, која станува се попривлечна печалбарска земја за нашите фудбалери. Инаку во екипата на Балзан игра уште еден македонски интернационалец и тоа младиот бек Антонио Митрев.

Балзан сезонава има големи амбиции особено по успешните настапи во Лигата на Европа каде го елиминираше тимот на Кешла од Азербејан, а во второто коло доживеа елиминација од Слован Братислава и покрај победата на домашен терен.