Судијката од случајот за крвавиот четврток до адвокатите: „Нема вие да ми кажете до кога ќе работи судот“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Судијката Добрила Кацарска, која го води судскиот процес за крвавиот 27 април, кога се случи насилниот упад во македонското Собрание, го отфрли барањето на еден од адвокатите да се договорат до колку часот ќе работи судот, пренесува Нова ТВ.

„Расправата ќе заврши кога е планирано да заврши. Не може вие да ми кажувате до кога ќе работи судот. Ако го повторувате истото барање по 10 пати, судењето подолго ќе трае“, кажа Кацарска и ги опомена адвокатите дека ќе бидат и отстранети од судница ако не го почитуваат редот и ако зборуваат без таа да им даде збор.

Претходно цели два часа адвокатите на обвинетите повторуваа дека не ги добиле сите докази.

Поголем дел од адвокатите кажаа дека Обвинителството мора да ги достави сите докази неселективно до нив. Обвинителката Вилма Русковска кажа дела Обвинителство е отворено и дека сите адвокати можат да ги земат записниците од сослушување на сведоци кои им недостигаат.

Дел од адвокатите побара расправата да се одложи и судот да му наложи на Обвинителството да ги достави сите докази. Судијката Кацарска ја сумираше расправата и рече дека дел од адвокатите ги добиле сите докази, но други не и се согласи дека адвокатите треба да ги добијат сите докази за ,,никој нема да биде оштетен“.