Home Шоубизнис Македонскиот документарец „Медена земја“ ги освои срцата на престижниот Sundance

Македонскиот документарец „Медена земја“ ги освои срцата на престижниот Sundance

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ (Honeyland), чија режија ја потпишаа Тамара Котевска и Љубо Стефанов, е еден од вкупно 11-те документарни филмови кои се во директна конкуренција за највисоката награда во оваа категорија на престижниот филмски фестивал на независни филмови „Sundance“.

Проекцијата на „Медена земја“ предизвика бура од овации, воодушевување и долг аплауз од публиката по завршувањето на премиерното прикажување на „Sundance“, кое се одржа на 28 јануари во Јута, САД.

Филмската екипа од „Медена земја“

Еднакво позитивни критики и пофалби на сметка на филмот стигнаа и од големите имиња од светот на филмската критика како: Шери Линден од Hollywood Reporter, Крис О’Фалт од Indierwire, Ентони Кауфман од Screen International, Ерик Хајнс од Film Comment и други.

„Медена земја“ раскажува приказна за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на Земјините ресурси.

Режисерите Стефанов и Котевска

Документарецот, кој е во продукција на „Аполо медиа“ и „Трис филмс“, е реализиран како дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од „Фармахем“, а поддржан е и од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …