Home Спорт Македонија со три преставници на Зимските олимписки игри

Македонија со три преставници на Зимските олимписки игри

Во периодот 9-25 февруари 2018 година, во ПјонгЧанг ќе се одржат 23-те Зимски олимписки игри, на кои ќе настапат и тројца Македонци.

Антонио Ристевски – Алпско скијање / дисциплини: слалом и велеслалом
(освоена А норма)

Ставре Јада – Крос кантри / дисциплини: спринт и 15 км. (освоена А норма)

Викторија Тодоровска – крос кантри / дисциплина 10 км/.

Македонската олимписка делегација заминува за ПјонгЧанг на 7 февруари 2018 година, а свечената презентација ќе се одржи на 5 февруари 2018 година.

Спортистите ќе бидат сместени во две олимписки села и тоа ПјонгЧанг (каде што ќе бидат сместени македонските спортисти) и Гангнеунг. На 23-те зимски Олимписки игри треба да настапат спортисти од 92 држави односно Национални олимписки комитети и тоа во 7 спортови, 15 спортски дисциплини и во 102 спортска натпреварувања.

Следните зимски олимписки игри ќе се одржат во Пекинг, НР Кина, во 2022 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…