Македонија и Грција сакаат заеднички да организраат Европско првенство во кошарка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес беше одржана прес конференција по повод Европското првенство во кошарка за играчи до 18 години од „Б“ дивизијата.

На оваа конференција се потврди информацијата дека Македонија и Грција сакаат заедно да организираат Европско првенство во кошарка.

Информацијата ја потврди директорот на Македонската кошаркарска федерација, Владими Темелковски.

Темелковски потврди дека се разговара за можноста двете земји да поднесат заедничка кандитура за организација на ЕП во кошарка.

„Имаме желба во иднина да организираме едно Европско првенство заедно со Грција. Не менува ништо дали тоа ќе биде во машка или женска конкуренција“, гласеше изјавата на Темелковски.

Да потсетиме, Европското првенство во машка конкуренција се игра во 2021 година, додека женското е две години подоцна.

Веќе се открива дека домаќини би биле градовите Скопје, Солун и Атина.