Македонија ги чека противниците за Европско првенство, Ангеловски ја сака Италија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Македонија денеска ќе ги дознае своите противници во квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година.

Ждрепката се одржува во Даблин, и почнува во 12 часот. Квалификациите почнуваат во март идната година, и завршуваат во ноември 2019 година.

Македонскиот национален тим во петтиот шешир, а селекторот Ангеловски призна дека од фаворитите ја сака Италија, и сака да ја избегне Германија.

„Лично посакувам да бидеме во група со Италија од првиот шешир, па Исланд или Велс од вториот, Израел од третиот и Естонија или Литванија од четвртиот шешир. Од шестиот шешир сеедно е која селекција ќе ни се падне. Ете тоа е мојата желба. Не сакам сигурно да бидат оние најмоќните европски селекции од првиот шешир меѓу кои Германија или Франција“, истакна Ангеловски.

Прв шешир: Белгија, Франција Шпанија, Италија, Хрватска, Полска, Швајцарија, Португалија, Холандија, Англија.

Втор шешир: Германија, Исланд, БИХ, Украина, Данска, Шведска, Русија, Австрија, Велс, Чешка.

Трет шешир: Словачка, Турција, Р. Ирска, С. Ирска, Шкотска, Норвешка, Србија, Финска, Бугарија, Израел.

Четврт шешир: Унгарија, Романија, Грција, Албанија, Ц. Гора, Кипар, Естонија, Словенија, Литванија, Грузија.

Петти шешир: Македонија, Косово, Белорусија, Луксембург, Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија, Гибралтар, Фарски Острови.

Шести шешир: Летонија, Лихтенштајн, Андора, Малта, Сан Марино.