Македонец го враќа култниот „Стоеден“ на голема врата – со нов и моќен изглед


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Без оглед на сите негови мани, моделот Zastava 101, односно Skala, односно Yugo 311, најпознат како „Стоеден“ или „Стокец“, засекогаш ќе остане срцата на многу генерации од повозрасните кои имаат прекрасни спомени поврзани со ова возило.

Иако не се произведува веќе 10 години, тој не е заборавен ниту од меѓународните автомобилски ентузијасти. Гордоста на југословенската автомобилска индустрија ширум цел свет беше продадена во повеќе од 800.000 примероци, па ќе остане запамтена и надвор од границите на бившата федерација.

Меѓутоа, приказната за „Стокецот“ ни одблиску го нема доживеано конечниот крај, благодарение на ентузијазмот на македонскиот дизајнер кој на мрежата „Behance“ постави фотографии од „Стоеден“ со футуристички дизајн.

Михаел Мерклер, кој на Behance е потпишан со потекло до Гостивар, го искористи култниот модел како инспирација за неговите дигитални дизајнерски визии.

Мерклер дава личен увид како би можела да изгледа современата верзија на „Стоеден“ доколку ја преживееше транзицијата, и тоа како спортски „хечбек“. Под името Yugo GT 5000 Concept, имате можност да видите „Стокец“ каков што никогаш не сте ни можеле да замислите.

Големината му е на Chrysler C 300, со LED светлосна група, 20-инчни фелни и гуми со ширина од 265 мм. Под хаубата располага со 5,0-литарски V8 мотор со турбополнач и погон на предната осовина кој се пренесува со помош на осумстепен автоматски менувач. Благодарение на моќта од 600 коњски сили, од 0 до 100 км/час забрзува за 2,8 секунди, а е графиран на максимална брзина од 320 км/час.

Она што е сигурно е фактот дека секој обожавател на популарниот „Стокец“ ќе сака да поседува еден ваков моќен повратнички модел.

Автомобилските носталгичари веќе почнаа да оставаат коментари на социјалните мрежи за тоа колку би било прекрасно популарниот „Стоеден“ повторно да се врати на производствените фабрички ленти, но во издание кое го нуди младиот дизајнер.