Home Мајтап Мајтап: Најлутите македонски клетви, втор дел

Мајтап: Најлутите македонски клетви, втор дел

16. Девет деца да имаш, едно да ти остане и тоа лијаво.

17. Девојка ти во Фотошоп да ти се средува!

18. Жена ти да роди стоногалка, па цел живот да работиш за чевли.

19. Колко прав на тапан, толко аир да видиш.

20. Милиони да имаш, и сите за даноци да ги дадеш!

21. Ноќе да те буди мојот лик.

22. Оваа недела млада невестица, до недела млада удовица, догодина моја вереница.

23. Петел в куќа да не ти запее.

24. Свекрва ти да живее 150 години.

25. Со лажичка од асфалт да те собираат.

26. Ти мене еднаш, тебе Бог сто пати, злото да му се врати.

27. Трактор да те исшлајфа.

28. Чума да те отепа.

29. Џебовите да ти се полни со пари, а да нема со што да ги извадиш.

30. Швалерката трудна да ти остане.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Виц: Изнервиран петел

Шета петелот низ дворот и кога низ прозорецот од кујната во куќата гледа кокошка како се п…