Славни

Мајкл, друже, тие ти се годините: „Мислеа дека сум ѝ дедо“

Холивудската актерска легенда Мајкл Даглас во шоуто на Кели Кларксон раскажа за своевидниот срам што го доживеал на прославата за матурата на неговата ќерка Керис.

Родителите на другите средношколци мислеле дека Мајкл е нејзиниот дедо, а не татко, па така и му честитале.

„Беше прекрасно, многу сум горд на неа. Но, малку бев засрамен и звучеше грубо кога другите родители ми рекоа: Честитки, мора да се гордееш со својата внука. Се обидоа да бидат љубезни”, раскажа Мајкл.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CZD (@carys.douglas)

Матурската беше виртуелна поради пандемијата, а актерот подоцна објави семејна фотографија од прославата на Инстаграм.

Керис, честитки за тебе и целата твоја генерација. Мајка ти и јас сме многу горди. Те сакаме многу и сме возбудени за твојата иднина, бидејќи најдоброто допрва доаѓа. Тато”, напиша гордиот татко покрај фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Douglas (@michaelkirkdouglas)

Мајкл со сопругата Кетрин Зета-Џонс ги има ќерката Керис и синот Дилан, а со Диандра Лукер го има синот Камерон.

To Top