Мајката на Роналдо откри што и кажал после елиминацијата од Ајакс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот тим на Ајакс синоќа направи ново големо изненадување во Лигата на шампини и го елиминираше еден од главните фаворити, Јувентус, победувајќи го во Торино со 2:1.

Италијанскиот гигант чека на европска титула од далечната 1996 година и ова лето вложија многу пари во трансферот на Роналдо со надеж дека конечно ќе го кренат пехарот во Лигата на шампиони.

Меѓутоа, Ајакс со головите на Ван де Бек и Де Лихт синоќа во Торино ги сруши соништата на скапиот тим на „бјанконерите“.

Секако, најголема надеж се полагаше во Кристиано Роналдо, бидејќи се веруваше дека токму тој ќе биде последното камче во мозаикот кое му е потребно на Јувентус за успех во Европа.

Меѓутоа, иако остави впечаток дека не потфрли, сепак Португалецот не може се сам, бидејќи „не прави чуда“.

„Му беше тешко и поради навивачите и поради соиграчите. Но ми рече дека не е волшебник и не може да прави чуда. Испаднаа и животот тече понатаму“, откри Долорес, мајката на Роналдо.

Инаку Роналдо последен пат не играше со својот тим во полуфинале во Лигата на шампиони уште далечната 2010 година.