Мајка за почит: Има 16 деца, а куќата е перфектно средена и чиста


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Децата од Џени Бонел од Австралија знаат дека доколку живеат во нејзината куќа, мора да работат, а доколку случајно заборават на своите обврски, можат да се потсетат на големиот планер за должности кои е поставен на кујнскиот ѕид.

Нивните обврски Бонел почна да ги запишува на хартија, но сега постои формален распоред со чија помош таа до префекција го води своето домаќинство.

Имајќи во предвид дека нејзиниот сопруг работи полно работно време, Бонел сама не можела да се грижи за семејството и домаќинството, па во тоа помагаат нејзините деца на возраст меѓу 5 и 29 години.

Џеси, Брук, Клер, Натали, Карл, Самуел, Камерон, Сабрина, Тим, Брендон, Ив, Нејт, Рејчел, Ерик, Демијан и Кетлин мораат да помагаат дома. Иако сега со неа живеат само 13 од вкупно 16-те деца, бидејќи некои се отселија и формираа свои семејства, нејзиното домаќинство и натаму е бројно и тие се должни да помагаат во обврските.

„Уште имаме многу луѓе во ова домаќинство, така што мислам дека е многу важно да се задржи одреден ред во хаосот“, вели Џени.

Секое нејзино дете е вклучено во извршување на домашните обврски откако ќе наполни 8 години. На пример, 12-годишната ќерка знае сама да готви поедноставна вечера за сите членови на семејството.

„Почнавме да составуваме распоред со обврски кога имавме само шест или седум деца. Тато напорно работи за да не издржува сите нас, а јас останав дома и ги работам сите домаќински и куќни обврски. Иако децата беа мали, си помислив дека е добро да ги подучувам на обавување на дел од домашните обврски и да создадам кај нив чувство дека мора да бидат од помош во семејството. Ако мама постојано работи сè низ дома, тогаш никому нема да му биде забавно, бидејќи мама секогаш ќе биде исцрпена трчајќи по нив“, објаснува Бонел, која распоредот го прави секоја недела.

Распоредот е прилагоден во однос на возраста на децата. Сите повозрасни од осум години се на списокот за обврски. Откако ќе се договори неделниот план, за секој ден посебно, Џени сето тоа го фотографира, печати и го истакнува на ѕидот во кујната. Навечер на тој ѕид се става планот за работа за идниот ден, со цел секој да се потсети какви обврски има следниот ден.