Home Шоубизнис Славни Мадона ќе настапи на Евросонг во Израел – еве колку ќе ја искешираат за тоа

Мадона ќе настапи на Евросонг во Израел – еве колку ќе ја искешираат за тоа

Поп кралицата од САД, славната пејачка Мадона ќе настапи на фестивалот „Песна nа Евровизија“ во Израел и за тој нејзин настап ќе добие хонорар од вртоглави еден милион долари.

Тој хонорар ќе го плати милијардерот Силван Адамс. Адамс на овој чекор се одлучил после преговорите со израелската телевизиска корпорација која му предложила да биде партнер на конкурсот.

Мадона во 2015 година беше прогласена за најкомерцијализирана пејачка, а нејзиното име се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди.

„Евросонг“ ќе биде одржан во Тел Авив од 14 до 18 мај. Во моментов се прави програмата и списокот на ѕвездите кои ќе гостуваат.

Како една од водителките на фестивалот се спомнува и израелската актерка Гал Гадот, позната по филмот „Wonderwoman”.

Load More Related Articles
Load More In Славни
Comments are closed.

Check Also

„Тешко ми е да играм со ‘овие’ две на мене“

Американската одбојкарка Кајла Симонс од почетокот на кариерата е во центарот на вниманиет…