Mac Pro по цена колку еден стан и еден автомобил заедно


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Технолошкиот гигант Apple официјално го пушти во продажба нивниот најнов компјутер Mac Pro, чија цена достигнува сума колку што чини еден стан.

Во случај да размислувате да набавите еден ваков компјутер, било како подарок за некој „хардкор“ програмер, аниматор, аудио продуцент или, пак, за вас, доколку имате потреба од моќен компјутер, најниската сума која треба да ја одвоите за новиот Mac Pro е 5.999 долари.

Меѓутоа, оние кои сакаат да ја имаат најмоќната верзија од овој компјутер, тоа задоволство ќе ги чини дури 52.599 долари со вклучен данок, што овој компјутер го прави најскапиот Mac било кога направен.

Купувачите со длабок џеб за тие пари ќе добијат Mac со 28 јадрен Intel процесор кој работи на 2,6 гигахерци, 1,5 терабајти работна меморија, 4 терабајти меморија за складирање на податоци и две графички карти од 32 гигабајти.

Доколку горенаведените перформанси не ви значат ништо и на фотографиите гледате огромно и прескапо ренде, за истата цена можете да си купите солиден стан или пак нов автомобил. Или и двете заедно.