Луксузен ресторан и коктел бар само за најхрабрите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Biré Bitori дизајнерски е замислен од архтектонското студио Tall Arquitectos како луксузен ресторан и коктел бар вртоглаво надвиснат од една карпа над канјонот Копер, Чивава, југозападно Мексико.

Концептот предвидува структура вградена во лицето од рабната карпа на канјонот, со што ќе нуди фантастичен панорамски поглед на канјонот и познатиот водопад Басасеачи.

Ексклузивниот ресторан и коктел бар е замислен да биде на две нивоа, со дел за ручеање и бар на првото ниво и набљудувачка платформа и „лаунџ“ на второто ниво. Ентериерот е осмислен да биде изработен од стакло и стаклен под, со што дополнително ќе се збогати панорамскиот ефект.

Гостите ќе мора да се качуваат до ресторанот преку минималистички „влез“.