Home Спорт Лудница од пласман во 95-та минута: Египет на Светско фудбалско првенство после 28 години

Лудница од пласман во 95-та минута: Египет на Светско фудбалско првенство после 28 години

Фудбалската репрезентација на Египет после 28 години повторно ќе биде дел од Светско првенство, откако после луд натпревар обезбеди пласман за Русија на коло пред крајот од квалификациите.

Херој на „Фараоните“ е Мохамед Салах кој му донесе победа на Египет над Конго од 2:1 и тоа со гол во 95-та минута од пенал.

Токму фудбалерот на Ливерпул го постигна и првиот гол за Египет, но гостите успеаа да израмнат преку Боука во 88-та минута.

На едно коло пред крајот на квалификациите, Египет има недостижни 4 бода предност пред Гана и за прв пат после 28 години ќе биде дел од планетарната смотра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…