Лудило во Шведска: Во само една вечер запалени 80 автомобили


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Околу осумдесет автомобили биле опожарени во само една вечер ширум градовите во Шведска во, како што ја опишуваат полициските служби, координирана акција на улични банди.

Најмногу запалени автомобиле биле во Гетеборг, но инциденти се пријавени и во други градови како Малме, Фалкенберг, Хелсингборг и Тролхетн. Момчиња облечени во црно почнале со палењето вчера околу 21 часот по локално време.

Шведскиот премиер Стефан Лофвен го коментираше палењето на автомобилите, што станува речиси редовна појава во оваа скандинавска земја. „Се чини дека ова беше доста координирана, речиси како воена операција“, изјави Лофвен за шведското радио и испрати директна порака до напаѓачите: „Што по ѓаволите правите?“