„Љубовна тројка“, страсти во авионско WC, на седиште – стјуардеса ги открива сочните и скокотливи моменти од авионските летови


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Хрватска стјуардеса која се претстави под псевдонимот Петра преку социјалните мрежи го сподели своето искуство од работата.

– Можете да ме викате Петра, иако тоа не е моето вистинско име. Работата како стјуардеса е како и секоја друга работа, освен привилегијата често да се будите во различни земји и градови, да запознавате различни луѓе и да бидете под постојана возбуда што ја носи секој нов лет. Кога зборуваме за секс на 12.000 метри, се случува и тоа. Најчесто тоалетот останува заклучен бидејќи некои љубопитни патници горат од желба да искусат секс во авион. Од друга страна, се случувало некој пар да се расположи под дејство на алкохол, па да почне да се гали на некое од задните седишта доколку авионот е полупразен – ја започнува стјуардесата својата приказна.

Петра, како што открива, често ги опоменува паровите доколку забележи дека работите излегуваат од контрола.

– Се случува парот да се покрие со ќебе и да се однесува како да е во реално шоу. Иако не можете да видите што прават, тоа е многу очигледно, бидејќи понекогаш се слушаат воздишки, а луѓето во нивна близина се преправаат дека спијат и не слушаат што се случува… Обично ги опоменувам или дури ќе им викнам да престанат и да се однесуваат пристојно. Најчесто ќе ме послушаат и ќе се извинат – вели таа.

Згодните пилоти и стјуарди, кои често патуваат, знаат да стапат во врска со стјуардесите.

– После еден долг лет, пилотот ме покани да излеземе. Беше околу 15 години постар од мене, но се согласив. Се сеќавам дека излеговме во бар каде што танцуваа егзотични танчарки. Испивме прилично и една Тајланѓанка ни танцуваше во скут. Пилотот беше многу шармантен и вешто ме заведе на патот до хотелот. Завршивме во неговата хотелска соба. Во еден момент се слушна чукање на вратата, се појави убавата Тајланѓанка. Бев збунета, никогаш претходно не сум пробала секс во тројка, но бев прилично љубопитна. Се согласив да ни се придружи… Може да се каже дека тоа беше ноќ за паметење – заклучува стјуардесата посочувајќи дека ова не се случува често, но постојат исклучоци.