Актерот Кевин Спејси доби награда за животно дело во Италија: „Фала што имавте м***ња да ме поканите“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Холивудскиот актер Кевин Спејси доби награда за животно дело која му ја врачи Националниот музеј за кинематографија во Торино. На членовите на институцијата Спејси им се заблагодарија во својот говор „што имаа храброст да го поканат“.

„Навистина сум благословен, благодарен и понизен. И моето срце е полно вечерва за Националниот музеј за кинематографија затоа што имаа м***ња да ме поканат вечерва“, рече тој од сцената. Потоа му се заблагодари на својот менаџер Еван Ловенштајн за неговата лојалност. “Речиси е невозможно да ви кажам сè што направи за мене. Нивото на лидерство и мудрост што ги внесе во мојот живот. Тој не е како никој друг”, рече тој.

Инаку, наградата за животно дело му беше доделена само неколку дена откако беше сослушан преку видео врска во судот во Лондон, каде што ги негираше обвинувањата за сексуален напад. Спејси во ноември беше обвинет за вкупно седум сексуални напади.

Обвиненијата вклучуваат три точки за непристоен напад, три точки од обвинението за сексуален напад и една точка за поттикнување на лице да се вклучи во сексуална активност без согласност, сите за иста наводна жртва. Актерот се соочува со судење кое ќе трае три до четири недели и треба да започне на 6 јуни.