Лубеница – одлично овошје за хидрирање во летните денови, но не е за секого


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лубениците содржат поголема количина на ликопен, хидрираат и помагаат при слабеење. Во лето, на високите температури, нашето тело губи многу вода, а ова вкусно и слатко овошје е одличен начин за хидрирање и освежување во текот на денот.

Има висока хранлива вредност, но не здебелува, па е корисна при слабеење. Покрај тоа, таа има корисен ефект врз срцето, бубрезите, крвниот притисок. Содржи влакна кои помагаат при варењето и го забрзуваат метаболизмот. Бонус е тоа што ги чисти бубрезите. Таа помага при исфрлање на песокот или камењата од бубрезите, дури и го спречува нивното формирање.

Се препорачува скоро кај сите, вклучително и лица кои страдаат од дијабетес, но им се советува да ја земаат контролирано поради високата содржина на шеќер.

Сепак, кај лица склони кон отоци и едеми не се препорачува. Тогаш, потребна е претходна консултација со општ лекар, со цел да се утврди причината за отокот – без разлика дали станува збор за срцева слабост или бубрежна патологија.

Исто така, лекарите не ја препорачуваат после 19 часот, бидејќи содржи и одредена количина киселини, па може лошо да влијае врз дигестивниот процес доколку се консумира пред легнување, т.е. предизвикува надуеност.

Кога телото не е активно, тоа не може да ја „процесира“ лубеницата доволно брзо. Познато е дека варењето се забавува ноќе, што може да доведе до болки во стомакот, надуеност и непријатност.