Advertisements
Вебкафе

Лоши вести за сите кои гледаат Netflix, а не плаќаат за тоа

Ако во последно време во една просторија полна со луѓе замолите да кренат рака оние кои гледаат Netflix, веројатно во воздух ќе се кренат многу, можеби и сите раце.

Но, ако потоа ги замолите да кренат рака оние кои навистина плаќаат за да гледаат Netflix, бројот на рацете во воздух значително би се намалил.

Овој сервис нуди опција за отворање на неколку профили поради што повеќе луѓе можат да користат една корисничка сметка на Netflix. Тоа значи дека ако имате некој доста добар пријател или роднина со отфазла пари, можете бесплатно да следите Netflix на нивна сметка.

Но, како што одат работите, од Netflix на тоа очигледно можат да стават крај. На една технолошка конвенција во Лас Вегас, софтверската компанија Synamedia го претстави системот Orwellian AI, кој е креиран да може да влезе во трага на било која корисничка сметка која споделува информации со некој друг, пишува LADbible.

Програмата работи така што следи кои сметки се логирани во кое време и од каде, па на таков начин можат да откријат кој ги споделува бесплатно своите податоци со други. Иако споделувањето кориснички податоци на таков начин многумина го сметаат за безопасно и несериозно, Parks Associates тврди дека до 2021 година таквото споделување ќе резултира со загуби од скоро 9,9 милијарди долари за „стриминг“ сервисите.

Advertisements

Најпопуларно

To Top