Лоши вести за Арсенал: Белерин на подолга пауза

Лоши вести за Арсенал и Арсен Венгер кој во следните четири недели нема да може да смета на десниот бек Хектор Белерин.

Одличниот дефанзивец се повреди за време на лондонското дерби против Тотенхем, а деталните прегледи покажаа дека ќе биде надвор од терените еден месец.

Станува збор за повреда на коленото, па Белерин ќе ги пропушти натпреварите против Манчестер Јунајтед, Бурнмаут, Саутемптон и Вест Хем во Премиер лигата, како и натпреварот со ПСЖ во Лигата на шампиони.